| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Изградба на новиот објект кај седиштетото на ВМРО ДПМНЕ е целосно транспарентна

Медиумите да не шпекулираат - јавниот повик е објавен уште во август 2012

ВМРО ДПМНЕ денеска информира дека врз основа на одлуката на својот извршен комитет, донесена во јуни 2012 година и Одлуката на Централниот комитет на партијата, од први Јули 2012 година, е распишан јавен повик за доставување на понуди за соинвеститор за изградба на градежен објект на земјиште кое е во сопственост на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

ZGRADA CELA VMRO DPMNE

Нема простор за сомнежи дека процесот на подготовка за градба е нетранспарентен и во согласност со законските нормативи, велат во ВМРО ДПМНЕ. Јавниот повик е објавен во четири дневни весници (весниците Нова Македонија, Вечер, Дневник, Утрински весник) во деновите 10.07.2012 и 11.07.2012 година што е показател дека градежните активности не се тајна, а пошироката јавност беше навремено информирана.

„Согласно условите пропишани во јавниот повик тоа земјиште се гради во соинвеститерство, односно понудувачите понудија процент од бруто развиената површина кој ќе му го отстапат на сопственикот на градежното земјиште(во случајов ВМРО-ДПМНЕ), што воедно беше еден од основните критериуми за избор на најповолен понудувач, а кој процент не смее да биде под 30% од бруто развиената површина. Што значи приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возрат треба да отстапи најмалку 30% од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот. Ваквата одлука е донесена пред се поради старата и дотраена повеќедецениска зграда, повеќекратните трошоци за нејзиното одржување кои се зголемуваа со оглед на нејзината дотраеност како и недостатокот на просторни услови. Новиот објект ќе ги запази сите градежни правила, стилски и естетски ќе го разубави тој дел од центарот на градот“ , се вели во информацијата дистрибуирана  од ВМРО ДПМНЕ.

ОД таму бараат со оглед на тоа што сите информаци поврзани со проектот се јавно достапни, да не се шпекулира и да не се злоупотребува аголот на информирање. Од партијата се потенцира дека за изградбата на објектот ВМРО-ДПМНЕ не сноси никакви трошоци, а неговата реализација ќе обезбеди работа на градежни компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top