Џон Тери ќе ја продолжи својата кариера во Челси откако лондонскиот клуб реши да му понуди нов едногодишен договор на својот долгогодишен капитен. Дефанзивецот во последните месеци во неколку наврати коментираше дека со задоволство би останал во Челси, но управата одбиваше да му понуди продолжување на соработката.
До пресврт стигна во последен момент, откако и новиот стручњак Антонио Конте дал зелено светло за останувањето на Тери. Сите англиски медиуми денеска ја објавија информацијата дека на Тери му бил понуден нов едногодишен договор и се очекува во следните денови тој и официјално да ја продолжи соработката со клубот во кој настапува цела своја кариера.
35-Годишниот дефанзивец има 703 настапи во дресот на Челси откако дебитираше за овој клуб во октомври 1998 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот