| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската публиката го отсонува Шекспировиот сон

Се зборуваше на италијански, англиски и српски јазик, се слушаше современа и класична музика, се почувствува духот на Медитеранот во костимите, но и современиот стил во сценографија и разиграниот и впечатлив дизајн на светло

Вчеравечер, Македонскиот народен театар продолжи со третото издание на меѓународниот театарски фестивал МНТ -Фест. Беше одиграна мошне успешната претстава на компанијата „Фактори трансадријатика“ од Лече – „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Тонио де Нито.

Според реакциите за време на претставата и коментарите по неа, публиката имаше невообичаено и несекојдневно театарско доживување. Имајќи го во предвид искуството и претходната работа, режисерот не се задржува само на постојаната актерска екипа, но секоја нова изведба на претставата ја прави посебна и индивидуална сама за себе. Имено, и на дел од публиката и беше овозможено да ги почувствува штиците што живот значат и заедно со актерите да станат дел од сонот и претставата. На сцената продефилира некои од гледачите кои во улогите на Тизма, Лавот и Ѕидот го почувствува вкусот на театарот. Од друга страна, публиката во гледалиштето имаше можност да проследи интерактивна, забавна и интересна игра, која беше крајно позитивно прифатена и проследена со многу смеење.

f430d5b4-954c-4e1b-8112-45ebeb9f710c

Се зборуваше на италијански, англиски и српски јазик, се слушаше современа и класична музика, се почувствува духот на Медитеранот во костимите, но и современиот стил во сценографија и разиграниот и впечатлив дизајн на светло. Со тоа македонската публика ја проследи првата претстава од италијанската програма на МНТ – ФЕСТ, од која според ова се очекува да понуди многу.

Следуваат  уште една изведба на „Сонот на летната ноќ“, „Планинските џинови, трети чин“, на Националната опера на борците  во продукција на „Принчипио ативо театро“; танцовата претстава „Во темната кружиме ноќ, и нè голтаат јазици пламни“, на театарот „Алдес“ од Лука; и проекцијата на филмот „Земјата каде што дрвјата летаат (Еуџенио Барба и годишнината на ’Один‘).

Претставите се играат на италијански јазик со титл на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top