| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на филмот „Словенија, Австралија, а утре светот“

Во Словенија почна снимањето на играниот филм „Словенија, Австралија, а утре светот“ во режија на Марко Набершник. Филмот е копродукција меѓу „Перфо“ од Словенија и „Кино око“ од Македонија, а е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Снимањето ќе трае до крајот на јуни на локации во Љубљана и Марибор.

Македонската екипа, која е дел од овој филм ја сочинуваат Горан Игњатовски­-дизајн на шминка, Марина Колоска­асистент на камера, Игор Василев – ­Новоградска-­композитор на музика, а дел од постпродукцијата ќе биде направен во Македонија. Македонски копродуцент е Роберт Насков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top