| четврток, 6 декември 2018 |

„Контрањуз“: Ердоган ѝ се заканува на Европа со 2,5 милиони бегалци

­

erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се заканува на Европа и на Грција дека ќе испрати 2,5 милиони бегалци, објави грчкиот весник „Контрањуз“, пренесува БТА.

Весникот наведува дека емигрантите што се сместени во кампови во Турција секој момент можат да тргнат кон Европа. Со тоа Турција ја уценува Европа за визите.

Објавена е тревога поради евентуален нов емиграциски бран. Дел од грчките медиуми го цитираат високиот претставник на турската владејачка Партија за правда и развој, Бурхан Кузу, кој напиша на „Твитер“ – ­ „Ако Европа донесе погрешна одлука за визите, Турција ќе ги испрати бегалците на стариот континент“. Изјавата е објавена по зголемените сомнежи за реализација на договорот меѓу Турција и ЕУ за запирање на бегалскиот бран од Африка и од Блискиот Исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top