| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Странците ги потрошија парите, а рејтингот на Груевски расте

Ситуацијата излезе од контрола откако странскиот фактор беше поразен во Македонија. Поместувањето на датумот од 24.04 на 05.06 на што согласност дадоа и странците, имаше за цел да се симне рејтингот на ВМРО со разни протести и т.н. „револуции“, крајната цел беше на избори пак да победи ВМРО, но со помалку од 60 пратеници и СДСМ да направи влада со тастер партиите ДУИ и ДПА, пишува во статус објавен на својот профил на социјалните мрежи Никола Србов.

Странците беа убедени дека нивните пулени ќе успеат во тоа и затоа истурија огромни суми пари за платени „револуции“. Но, откако видоа дека не само што не паѓа рејтингот на ВМРО туку напротив, се зголемува се повеќе и повеќе, им стана јасно дека ВМРО на изборите ќе освои над 62 пратеника во Парламентот, дека победата ќе биде поголема од претходната и со тоа им паѓа во вода цела стратегија која ја спроведуваат две години. Е, затоа е овој напад, странскиот фактор беше победен од македонскиот народ кој не ја дава тукутака својата држава, а одбраната на својата држава ја гледа во сплотеноста околу ВМРО, пишува во статусот Србов.

9b500e6c4852456d4e1736fdaf0600f885624c3f644c87700024b92296665bce_full

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top