| четврток, 6 декември 2018 |

Во светот владее глобална криза за сон

son

Во светот владее ‘глобална криза за сон’ и покрај биолошкиот часовник предоцна се оди во кревет и премалку се спие, утврдија научниците анализирајќи ги добиените податоци.

Податоците се собрани со помош на апликацијата која во 2014 година ја осмисли тим од Универзитетот Мичиген за да може да се помогне на луѓето да го надминат џет легот. Сепак, корисниците можеа да изберат и можност да ги поделат податоците за своите навики на спиење.
Така, утврдено е дека најмалку сон имаат мажите во средните години. Жените генерално спијат околу 30 минути повеќе од мажите, особено оние на возраст меѓу 30 и 60 години.
Општеството денес не принудува да останеме будни што подолго, мораме да стануваме рано, а така се жртвува сонот.
– Нашите телесни часовници се програмирани да правиме некои работи, но ние тоа не го правиме, затоа што на нас влијаат социјалните елементи- рече Акилеш Реди од Универзитетот Кембриџ.
Нема да се знаат долгорочните последици за тоа уште многу години.
Младите имаат многу различно време за одење на спиење и будење, додека кај старите тие времиња се повеќе се доближуваат.
Истражувањето покажа дека кај работниците кои работат во смени и ноќна смена, се јавуваат голем број здравствени проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top