Со многу скептицизам беше прифатено учеството на Австралија на евровизискиот музички избор. Но, по ланското освоено петто место, далечната земја повторно има свој претставник на „Евровизија“. И повеќе од тоа.
Австралија е меѓу првите три земји фаворити за победа, а ова го потврдува и нивниот рејтинг во евровизиските обложувалници. Видеото на Дами Им е меѓу најгледаните евровизиски песни.
Но, иако Австралија има право да победи, бидејќи „Евровизија“ е европски фестивал, организаторите нема да дозволат следната година тој да се одржува таму. Според договорот за учество на Австралија, поради нејзината далечина, ако земјата победи, ќе направи партнерство со некоја европска земја и таму ќе биде организиран следниот фестивал. Според предвидувањата, таа земја најверојатно би била Германија, но ништо не е сигурно, бидејќи домаќин би можела да биди и второпласираната земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


