Црногорската јавност е потресена од секс-скандалот што се случува во гимназијата „Слободан Шкеровиќ“ во Подгорица. Станува збор за видео од сексуален однос меѓу двајца ученици од прва година, кое е објавено на социјалните мрежи. Чинот се случувал во тоалетот на училиштето, каде што сексуалниот однос бил сниман од страна на трет ученик.
Според неофицијални информации на „Новости“, најмалку еден ученик е избркан од ова училиште затоа што имал секс. За овој случај, кој ги вознемирил наставниците, децата и нивните родители, сè уште не се огласила директорката Зоја Бојаниќ Лаловиќ. Таа ги одбивала сите контакти со новинарите.
Професор по социологија на д-р Срѓан Вукадиновиќ за „Новости“ вели дека овој настан ја покажува суровата реалност на црногорското опшество во кое насилството доминира во различни форми.
– Насилството е форма на престиж меѓу младите луѓе и се плашам дека тоа драстично ќе се зголеми, – коментирал Вукадиновиќ, кој додал:
– Младите луѓе спаѓаат во спирала на насилство, односно им се нуди погрешен производ . И таму, за жал, семејството не се прашува, особено тие во кои богатите родители мислат дека со пари можат да обезбедат сè за детето – завршил професорот.
Гимназијата во Подгорица, исто така, неодамна беше предмет на озборување, кога професор по историја беше осуден во Србија. Тој, наводно, пред пет години бил уапсен поради обвинение дека сексуално нападнал девојка од Нови Сад и беше осуден на осум месеци затвор.
Сè е избришано
Ученичката, која е дел од снимката на друштвените мрежи и понатаму оди на училиште, но непознато е дали оди и „снимателот“, кој го овековечил овој чин. Снимката што предизвика голем интерес во јавноста е набрзо избришана откако е објавена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Секс скандал во авиокомпанијата „Кондор“: Пилоти тајно ги снимале стјуардесите за време на секс
-
Ново продолжение на секс-скандалот: Роналдо ја силувал девојката анлно
-
Менувала мажи како чорапи: Секс-скандал го тресе кралското семејство
-
Секс-скандал среде политичка криза: Проститутка упаднала во гимназија и нудела услуги


