| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кинотека се отвора француски киноклуб

Францускиот институт во Скопје и Кинотека на Македонија отвораат француски киноклуб, во кој секој месец ќе се прикажува по еден француски филмски хит.
L'EXERCICE DE L'ETAT (2011)

Фунционирањето на францускиот киноклуб почнува в недела, 28 април, во 20 часот, со премиерата на филмот „Државата на дело“ на Пјер Шолер. На Филмскиот фестивал во Кан во 2011 година, овој филм ја доби специјалната награда од жирито, и истиот е повеќекратно наградуван на други меѓународни филмски фестивали. Се работи за исклучителна драма, во кој главните улоги ги толкуваат Оливие Гурме, Мишел Блан и Забу Брајтман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top