Во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен денеска од пладне до 19 часот се одржува аудиција за споредени улоги и статисти за филмот „Деца на сонцето“, кој наскоро ќе се снима во Преспа, во режија на Антонио Митриќески.
Право на учество на аудицијата имаат сите лица над 18-годишна возраст.
Речиси сите локации за снимање се наоѓаат покрај езерото Преспа, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти. При тоа, филмската екипа внимава и ќе обрне сериозно внимание кон зачувување на природата бидејќи, над се, целта на режисерот е да ги покаже убавините на Преспа.
Филмот е според сценарио на култниот писател Гордан Михиќ. Ова е трет игран филм на Митрикески на кој му претходат „Преку езерото“ во 1997 година и „Како лош сон“ во 2003 година. Планирано е да се снима 36 дена. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од Филмскиот фонд на Република Македонија, а неколку други држави влегуваат во овој проект како малцински.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија