| четврток, 6 декември 2018 |

Џез концерт на Вероника Харча и Балинт Ѓемант во Центарот за култура во Битола

На 13 мај (петок) со почеток во 19 часот, унгарското џез дуо, Вероника Харча и Балинт Ѓемант ќе одржат концерт во НУ Центар за култура – Битола…

Унгарската популарна џез пејачка, добитничка на повеќе музички награди, Вероника Харча и гитаристот Балинт Ѓемант соработуваат уште од нивните студентски денови на Музичката академија „Франц Лист“, Будимпешта.

Снимиле четири успешни албуми со квартетот на Вероника Харча, а потоа решаваат да работат како дуо и го снимаат нивниот петти заеднички албум. Промовирањето на дуото Lifelover се случи во преполна сала во Палатата на уметностите, најдобрата концертна локација во Будимпешта.

Вероника Харча и Балинт Ѓемант заедно го поставуваат репертоарот на Lifelover. Песните се мелодични а во исто време претставуваат креативни импровизации. Текстовите се напишани од Вероника засновани на нејзиното лично искуство и инспирација, како и на нејзините претходни албуми. Живеат на релација Будимпешта-Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top