| четврток, 6 декември 2018 |

Ременски ги остави без градинка дечињата oд Јегуновце

Поради самоволието на Фросина Ременски од СДСМ, дечињата од Јагуновце не можат да опдат во градинка, а нивните родители поминуваат низ големи проблеми зошто нема каде да ги однесат своите дечиња додека се на работа.

protest-za-remenski

Ременски го кочи отворањето на новата градинка и затоа родителите излегоа на мирен протест и побараа од неа да престане да си поигрува.

jagunovce-gradinka

-За жителите на општина Јегуновце стана вистинска голгота да го добијат тоа што им следи и што им е ветено, детска градинка. Тоа што за цивилизираниот свет е најнормално ние веќе со месеци се справуваме за опструкциите на техничката министерка за труд и социјална политика. Пред 6 месеци реагиравме зошто министерството не испорачува опрема за градинката и со тоа кочеше отворањето. Сега сосема неверојатно повторно проблеми со нашата градинка. Знаеме дека нашата општина одржуваше редовна комуникација со МТСП и направи се што можеше да побрза да ја добиеме градинката. Жителите на Јегуновце бараат одговор кога конечно нивните деца ќе тргнат во градинка. Тој одговор ни го должи Фросина Ременски која доволно си поигруваше со нас. Ја повикуваме да им објасни на граѓаните зошто им се одмаздува цело време и кочи проект тежок 5 милиони денари во интерес на родителите и децата од Јегуновце. Сакаме да го решиме овој проблем иако жителите се гневни и подготвени за протести пред МТСП. Ова е вистинското лице на СДСМ кој кочи проект за нашата иднина, за нашите деца, вели Симона Марковска, мајка на дете кое чека сместување во градинка.

gradinka-jagunovce

-Моите две ќерки како и многу деца од општина Јегуновце израснаа во старата и руинирана детска градинка. Со години се боревме за изградба на нова градинка и сега кога веќе имаме еден таков објект и кога децата кои учеа во руинирана градинка станаа родители и имаат право да ги користат благодетите на новата градинка, за жал, повторно се јавува некој малоумник кој го узурпира сиот тој простор и нашите права, вели баба на дечиња кои чекаат да се сместат во градинка.

Тие обелоденуваат дека поддршка на денешниот протест требало да им дадат и родителите на децата кои се запишани во другата градинка, но дека тие се соочиле со притисок од страна на МТСП на чело со Ременски.

-Сите родители сакаа да бидат дел од нашиот денешен протест се оневозможени бидејќи се вработени во институции каде челници се лица од СДСМ и им се заканиле со бркање од работа, велат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top