| четврток, 6 декември 2018 |

„Лебедово езеро“ на Мајски оперски вечери

В петок, 13 мај во рамките на Мајските оперски вечери, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, ремек-дело на балетската класика.

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека главните улоги ќе ги толкуваат: Како, Одета/Одилија ќе настапи Шиори Kасе (Јапонија), улогата на принцот Зигфрид ќе ја толкува Јона Акоста (Куба), двајцата членови на Лондонскиот кралски балет.

Улогата на Ротбарт, му е доверена на гостинот од Бугарија, Дојчин Дочев. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top