| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Гета и еден милион обожаватели ја снимија песната за Европското првенство во 2016 година

dejvid geta

На еден месец пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Франција, излезе дел од химната на првенството што утре ќе биде и официјално промовирана.

Автор на песната „ This one is for you“ е францускиот диџеј, Дејвид Гета. Химната на ЕВРО 2016 година е снимена во соработка со шведската пејачка Зара Ларсон, а на неа работеле дури еден милион луѓе! Познатиот диџеј преку апликации побарал помош од фудбалските фанови за снимање на вокалите и еден милион луѓе одговориле на повикот и се вклучени во создавањето на химната.

– Сакав да направам нешто за навивачите, да ги ставам нив во центарот на вниманието на ова првенство. Барав милион љубители на музиката и на фудбалот и не можам да верувам дека толку многу одговорија на повикот. Се обидов да направам нешто многу посебно, побарав од навивачите од целиот свет да го слават овој фестивал на фудбалот и да бидат дел од химната на првенството. Пресреќен сум што успеавме во ова – изјави Дејвид Гета.

Идејата и химната во која се вклучени и навивачите поздравена е и од одговорните луѓе во УЕФА.

– Знам дека постои посебна врска меѓу фудбалот и музиката и дека тие може да предизвикаат силни реакции кај луѓето. Дejвид Гета е еден од најуспешните продуценти и оваа соработка меѓу него и навивачите е нешто потполно ново. Ова е песна од навивачите за навивачите – истакнува директорот на маркетингот во УЕФА, Гај Лоран Епстајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top