Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) е непрофитна организација која доделува стипендии на истакнати студенти на последипломски студии од земјите на поранешна Југославија за краткотрајни студиски престои во Обединетото Кралство.

Овој фонд за првпат е воспоставен по Првата светска војна и до денеска, средствата се користат за поддршка на младите луѓе од поранешна Југославија за стекнување на специјализирано образование во Обединетото Кралство.
Стипендиите се доделуваат во форма на грантови за престои од 1 до 3 месеци и тоа за студенти кои ќе предложат соодветни истражувачки проекти во Обединетото Кралство.
Исто така, во најава се посебни стипендии за студенти од Република Македонија “Грем и Пеги Рид”, кои фондот ќе ги воспостави по желба на сопружниците Рид. Имено тие имаа долгогодишна успешна соработка со Република Македонија и придонесоа за ширење на македонскиот јазик и литература надвор од границите на нашата држава. И за овој тип на стипендии, повеќе детали ќе бидат достапни на http://www.britishscholarshiptrust.org.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


