| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена старлета на концертот на Енрике Иглесиас во Белград

jelena-krunic-enrike-iglesijas

Старлетата Јелена Круниќ на спектакуларниот концерт во Белград прво скршила стакло во ВИП ложата, а потоа се тепала со непозната девојка.

Таа во „Комбанк арената“ дошла во видно алкохолизирана состојба, а потоа почнала расправија со девојка, која, исто така, седела во ВИП делот, по што се степале и направиле и голема материјална штета.

Јелена го скршила стаклото кое е пред самата сцена.

-Беше толку бесна што ја нападна девојката прва и ја удираше каде ќе стигне. Го скрши и стаклото, дивееше и беше приведена – вели извор.

Девојките ги разделило обезбедувањето, а потоа Јелена со оглед на тоа дека се утврдило дека го почнала инцидентот, била изнесена од концертот од страна на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top