| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на носителите на пратеничките листи

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни.

nositeli na listi vmro

Актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски ќе ја преводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

Во тројката кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последниот пратенички состав, Илија Димовски.

Во четвртата изборна единица, прв фаворит на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде актуелниот министер за здравство Никола Тодоров.

Традиционално, листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски.

Во шестка за прва пат, во овој изборен циклус пратеничката листа ќе ја води пратеникот Влатко Ѓорчев.

Пратеничките листи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до ДИК вечерва пред полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top