| четврток, 6 декември 2018 |

Курц: Во справувањето со бегалците ЕУ не треба да зависи од Турција

ЕУ не треба да зависи од Турција при решавањето на проблемите поврзани со бегалската криза, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

– Треба да бидеме внимателни со цел да не станеме зависни од Турција и да не дозволиме повторување на ланската криза со бегалците, изјави Курц во Виена по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

Како што јави ТАСС, шефот на грчката дипломатија од своја страна изјави дека очекува Анкара да ги исполни преземените обврски за решавање на бегалската криза.

– Се разбира дека постојат и внатрешни фактори, но се надевам дека тоа нема да се одрази на нашите односите, изјави Коѕиас.

Тој нагалси дека е неопходно да се следи развојот на настаните во Турција по одлуката за оставка на турсиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи оти се надева дека тоа нема да има негативни последици врз имплементацијата на договорот за бегалците

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top