Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска потпишаа меморандум за соработка со цел партнерство и заедничка реализација на сообраќајно превентивни активности за едукација, тренинг и обука на учесниците во сообраќајот и подигање на нивната свест за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.
Како составен дел од овој меморандум договорните страни посебно се обврзаа да преземат мерки и активности за подобрување на безбедноста на ранливите групи учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите и пред се возачите почетници.
– Меморандумот кој што денес беше потпишан претставува основа за понатамошна успешна соработка во реализацијата на сообраќајно превентивни активности кои веруваме ќе дадат сериозен придонес во подобрувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на последиците од сообраќајните незгоди – истакнаа страните потписнички на меморандумот, истовремено повикувајќи ги сите поединци и деловни субјекти да покажат повисоко ниво на лична, корпоративна и општествена одговорност преку свој придонес кон побезбеден сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
Перински: Да не беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, СЦ „Борис Трајковски“ никогаш немаше да се изгради
-
Тренерите од поранешна Југославија потпишаа меморандум за соработка
-
Македонија и Кина ќе потпишат меморандум за соработка во областа на трудот и на социјалната сигурност