| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот проект „Шеќерното дете“ поддржан од Филмскиот Центар на Србија

Управниот одбор на Филмскиот Центар на Србија, по предлог на Конкурсната комисија, на 7 мај оваа година донесе Одлука за избор на филмски проекти за финансирање и кофинасирање за 2016 година, во категоријата малцински копродукции…

 „Шеќерното дете“, кој Скопје Филм Студио заедно со копродуцентот Art&Popcorn од Србија го аплицираше на Конкурсот на Центарот во мартовскиот рок, доби финансиска подршка за продукција во износ од 70.000,00 евра.До сега, „Шеќерното дете“ е поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија, SEE Cinema Network и потпрограмата на Креaтивна Европа – МЕДИА, специјализирана за развој, дистрибуција и помоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа.

„Шеќерното дете“ е играно-анимиран долгометражен филм во продукција на Скопје Филм Студио, наменет за најмладата публика, чие сценарио е напишано по мотиви од новелата Шеќерната приказна од Славко Јаневски. Режисер на филмот е Игор Иванов, а продуцент е Томи Салковски.  Филмот е копродукција помеѓу Македонија и неколку европски држави.

Снимањето е планирано за пролетта 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top