| четврток, 6 декември 2018 |

Ја донираше косата за децата болни од рак – сега и самиот се разболе

Седумгодишнниот Вини Десоделс од Сакременто, САД, две години не ја потстижувал својата коса, со цел кога ќе е доволно долга да ја подари во добротворни цели. На почетокот на април тој ја поклонил косата за од неа да се направи перика за деца заболени од рак.

Но, Пред околу една недела кога се вратил од училиште, тој се пожалил на своите родители дека чувствува болки по целото тело. Кога го погледнале приметиле дека едното око му отекло, дури и му било затворено. Родителите најпрво мислеле дека во прашање е алергиска реакција и дека е убод од некој инсект.

Vinny Desautels

Го оделе во болница, каде на Вини му бил дијагностициран рак од четврт степен. Се работи за редок тумор кој бара брзо лечење во спротивно би се раширил по целото тело. Затоа што лечењето било скапо, неговото семејство побарало донации.

Потребни им се половина милион долари, но веќе се блиску до својата цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top