64 проценти од граѓаните сметаат дека главната цел на опозицијата е гола борба за власт, додека само 23,8 проценти во тоа гледаат борба за слобода и демократија, покажува најновата анкета на Институтот Павел Шатев.
Во однос на делувањето за време на протестите на опозицијата и СОРОС и уништувањето кое се спроведува врз институциите и спомениците, дури 67 проценти од испитаниците се сложуваат дека „Заради политички протести не може да се оправдува уништување и сквернавање на споменици“.
Всушност, 67-те проценти од граѓаните кои не ги оправдуваат уништувањето и сквернавењето на спомениците се своевидно референдумско застанување против насилствата и уништувањето на културното наследство и нападите врз институциите кое го спроведуваат СОРОС и опозицијата за време на секојдневните протести, што пак граѓаните го оценуваат како гола борба за власт.
Вчера беа објавени и резултатите од анкетата кои се однесуваа на довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ и кон СДСМ, како и кон лидерите Никола Груевски и Зоран Заев.
На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 30,8 отсто од испитаниците одговориле Никола Груевски, додека 11,4 отсто Зоран Заев.
Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше во периодот од 20 до 22 април, врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници, резултатите покажуваат дека рејтингот на Заев е намален за 0,6%, ( истиот тогаш изнесувал 12% ), додека Груевски го задржува истиот рејтинг од 30.8%.
На прашањето пак, „Која партија би победила на следните парламентарни избори?“, 49.6 отсто од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.2 отсто СДСМ. Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот од 20 до 22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува раст на рејтингот од 0,1%, и истиот изнесувал 49.5%, додека поддршката на СДСМ паднала за 0,7%, и истиот тогаш изнесувал 20.9%.
На прашањето „Какво е вашето мислење за Зоран Заев?“ негативно одговориле 58.1% , додека позитивно се изјасниле 22.6%.
Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот 20-22 април, негативното мислење спрема Зоран Заев се зголемило за 11.3% во овој кус период, и претходно изнесувало 46.8%.
На истото прашање кое се однесувало на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, позитивно се изјасниле 53.7%, додека негативен одговор дале 31.4%
Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Никола Груевски се зголемило за 2.8% од претходниот процент од 50.9.
Целта на телефонска анкета на институтот, спроведена во периодот од 06 до 08 мај годинава, била да се утврдат перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Во истражувањето учествувале 1 070 испитаници од Република Македонија, од сите шест изборни единици, а од Институтот нагласуваат дека целта на анкетата била да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не биле вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година