На 12 мај, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи проекција на филмот „Ослободување“ (СССР, 1970). „Ослободување“, е првиот дел од циклусот од пет филмови во режија на Јуриј Озеров, кој е еден од најголемите епски филмови кои се однесуваат за Втората светска војна во светската кинематографија. Македонските гледачи ќе имаат уникатна можност да го гледаат првиот дел на циклусот првпат со македонски превод. Во овој дел од филмскиот серијал се раскажува за најграндиозната тенковска битка во историјата – Курската битка.
Проекцијата, организирана од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Кинотеката на Македонија, е еден од низата настани по повод одбележувањето на 71 годишнината од Победата над наци-фашистичката Германија. Пред почетокот на проекцијата на присутните со воведен збор ќе им се обратат Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Олег Шчербак и директорот на Кинотеката на Македонија г. Бошко Грујоски.
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.