Еден од највозбудливите и најатрактивни групи во светската музичка индустрија на сите времиња, „Продиџи„ за првпат ќе има свој концерт на отворено во Македонија, на 14 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
На првото издание на „Охрид колинг“ oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените групи на македонската публика на сите времиња.
„Продиџи“ доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен, речиси стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „Invaders must die“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ-листа на албуми.
„Продиџи“ имаат продадено 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“…
Како што деновииве тие најавија, за момците од „Продиџи“ можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија.
Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (16 мај) точно во 9 часот, а сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во петок во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.