Официјалната претставничка и шефица на европската дипломатија, Маја Коцијанчиќ, изјавила дека треба да се провери информацијата за тоа дали Ерменија има нуклеарна бомба.
Од Европската комисија засега не ја коментираат изјавата на поранешниот премиер на Ерменија, а сега пратеник Грант Багратјан, дека Ереван наводно поседува нуклеарно оружје.
Официјалната претставничка и шефица на европската дипломатија, Маја Коцијанчиќ, изјавила дека треба да се провери информацијата за тоа дали Ерменија има нуклеарна бомба.
“Го знаете нашиот став за прашањето за не-ширење на нуклеарно оружје. Го знаете нашиот пристап. Тој е јасен. Меѓутоа, јас тоа ќе го проверам”, додала таа.
Кон крајот на април Грант Багратјан изјавил дека Ереван не само што има нуклеарно оружје, туку и можност да го создава.
Притоа, како што пренела агенцијата Ерменија тудеј, пратеникот во парламентот повикал на создавање на вакво оружје, сметајќи го за единствен начин Ерменија и Нагорно-Карабах да се одбранат од нападите на Азербејџан и Турција.
Потпретседателот на собранието на Ерменија, Едуард Шармазанов, изјавил дека земјата нема намера да создаде нуклеарна бомба и дека Багратјан го изразил своето лично мислење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.