| четврток, 6 декември 2018 |

Дара Бубамарa најави – наскоро на син ми ќе му подарам брат или сестра

дара

Дара Бубамара има син Коста на кој му е посветена максимално, а не негира дека наскоро би можела повторно да се најде во таа улога.

Имено таа се труди на својот син да му ја исполни секоја желба.

-Ние имаме зоолошка градина дома, нема што немаме, две кучиња, папагал, хрчак, зајак. А сега Милан вели дека на Коста ќе му купи коњ. Само уште коњ ми недостига во дворот- вели низ смеа Дара.

Пејачката открива и дека не би сакала Коста да остане единец.

-Коста знае дека нему мама ќе му роди брат или сестра, само е прашање на време. Кога ќе се уморам од работата, тогаш ќе паузирам- рекла Дара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top