Едногласни беа денес клубовите членки на АБА лигата – одлучија да останат да се натпреваруваат во регионалната лига. Тоа е заедничкиот став на сите на денешниот состанок одржан во Белград и ќе продолжат да се натпреваруваат, независно од евентуалните казни и суспензии од ФИБА.
Од АБА лигата истакнуваат дека од ФИБА до нив не е стигнат ниту еден документ за укинување на АБА лигата. Ако евентуално добијат таков документ, Собранието на лигата ќе реагира. Клубовите ја потврдија поддршката за Евролигата и Еврокупот на УЛЕБ, со исклучок на Цибона која е за натпреварување во Лигата на шампионите на ФИБА. Македонски претставник во АБА лигата е тимот на МЗТ Скопје Аеродром.
Претседателот на лигата Драган Бокан напомена дека писмо ќе биде испратено до сите национални федерации кои имаат свои екипи во лигата (меѓу нив е и Македонската кошаркарска федерација). Клубовите истакнаа дека доколку бидат суспендирани од своите федерации би играле во „нивна затворена лига“ најверојатно со 16 екипи. Во оваа лига би се натпреварувале екипи од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.