По дождливиот мај, ништо поинакво време нема да видиме ниту во јуни. Освен што ќе го дочекаме летото и, нормално, ќе има зголемување на температурата, речи си секоја недела ќе има по неколку дождливи денови.
Ако во мај највисоката температура достигнува околу 25 степени, во јуни ќе има денови кога температурата ќе бидат околу 30.
Во јули веќе нè очекува вистинското лето. Првиот дел од месецот ќе биде сончев со температура од 33 степени, а кон средината на месецот се очекува дестабилизација. Ако планирате одмор во овој месец, најдобро ќе биде тоа да е во последната недела од јули бидејќи тогаш ќе имаме вистински топлотен бран и температура до 35 степени. Слично време ќе се задржи и на почетокот на август.
Треба да се има предвид дека ова се долгорочни прогнози кои треба да се земаат со доза на резерва бидејќи тешко се прогнозираат метеоролошките услови за долг период. Сепак, овие прогнози се добри како ориентација за тоа какво време би можело да не очекува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.