| четврток, 6 декември 2018 |

„Дурекс“ и Викторија Лоба во акција за сексуална едукација

Viktorija Loba-Durex

„Дурекс“, заедно со Викторија Лоба, почнува кампања за едукација на младата популација за заштита од сексуалнопреносливи инфекции и непланирана бременост. Кампањата ќе се одвива на неколку локации низ Македонија, а во неа ќе се опфатат едукативни сесии, летна кампања на охридските плажи, испитување на јавното мислење, електронски одговори на прашања од гинеколози на социјалните мрежи.

– Сексот  сѐ уште е табу-тема во Македонија, а колку поотворено зборувате за темата, толку може да се подигне свесноста за важноста за заштита од сексуалнопреносливи инфекции. Според глобалниот извештај на „Дурекс“, испитаниците што не добиле никаква сексуална едукација пред нивното прво сексуално искуство имале 47,1 проценти помали шанси да употребуваат презерватив за време на нивниот прв сексуален однос. Тоа значи дека има голема потреба од едукација, а со тоа и потреба за зголемување на свесноста – изјави Елена Гагиќ од „Меркур трејд“, генерален дистрибутер на производите „дурекс“ за Македонија.

Оваа година Викторија Лоба е избрана за поддршка на кампањата, како млада личност која ќе ја поттикнува свесноста за потребата од заштита при сексуален однос кај младите и планирање на нивното семејство.

– Кога одговорните од „Дурекс“ ми ги презентираа податоците за ниската свесност кај младите за потребата од заштита при сексуален однос, без размислување прифатив да бидам дел од оваа кампања. Сметам дека со сексуално образование и едукација можемногу да се помогне, а зборувањето отворено за оваа тема е нешто најважно за младите кои некогаш од незнаење, а некогаш од страв не прашуваат. Оваа кампања на „Дурекс“ ќе даде одговор на сите прашања што ги интересираат младите – изјави Викторија Лоба.

Durex-podaroci

Според истражувањата на „Дурекс“, мажите за 21,4 процент се грижат повеќе за заштитата од жените. Секоја година за речиси три проценти се намалува веројатноста од употреба на презерватив при првиот сексуален однос. Над 60 проценти употребуваат презерватив при првиот сексуален однос во сериозна врска, а 45 проценти во брак.

Кампањата на „Дурекс“ почнува уште денеска на социјалните мрежи, а за две недели ќе почне истражување на јавното мислење кај младата популација за нивната свесност за потреба од користење заштита при сексуален однос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top