Утрово почина триесетгодишниот С.Б (30) од Скопје, кој беше повреден во саботата во тепачка во поранешната кафеана „Деспина“.
Извори од Клиничкиот центар за Телеграф.мк потврдија дека пациентот починал на Клиниката за неврохирургија, каде што бил примен на интензивно лекување.
Телото е однесено на обдукција.
Како што соопшти МВР, на 7 мај, во 11.45 часот, во Ургентниот центар било однесено лице со тешки телесни повреди, односно со скршени горна и долна вилица. Повредите настанале по тепачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.