| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Чешка: Денеска ќе експлодираат 10 бомби!

Чешката полиција почнала потрага по бомби кои според анонимна дојава треба да експлодираат на пладне или попладне, на најмалку 10 места ширум Чешка.

Според анонимната дојава бомбите биле поставени на железничките станици во Прага и Плзен.

– Анонимно лице по телефон не информираше дека е подметната бомба во Прага во главната железничка станица и на другите места во Чешка. Не ја информирала само полицијата – соопшти портпаролката на чешката полиција Маркета Јановска.

Полицијата не соопшти за кои железнички станици и институции се работи, но станиците ги информираа патниците дека ќе бидат затворени на половина час.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top