| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја компанија да вработи по едно лице – формула на Ердоган за намалување на невработеноста

ердоган

Секоја компанија нека вработи по еден невработен: Тоа е „едноставното“ решение за невработеноста кое го предлага турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат француските медиуми.

Повикувајќи ја главната организација на турските работодавачи, Сојузот на трговски комори и стокови берзи на Турција, Ердоган кажа „ТОББ денеска има речиси 1,5 милиони членови.

-Доколку секој член сега вработи едно лице, што тоа ќе значи? Тоа ќе значи работа за 1,5 милиони невработени. ­ Сите ние нема парите да ги однесеме во гроб. Ќе останат овде. Кога е така, да им дадеме работа на оние кои немаат – рече турскиот претседател на конференцијата за здравство и безбедност во работата во Истанбул.

-Што може компанијата да загуби? Ќе пропадне ли затоа што вработила едно лице? Не. Напротив, од тоа ќе има полза. Тоа е толку едноставно – заклучи Ердоган, проследен со одмерен аплауз од директорите на турските компании. Честопати обвинуван за популизам турскиот претседател предизвикува загриженост во турските деловни кругови со се поголемото мешање во економските прашања, на пример, со повторениот повик до турската Централна банка да ги намали каматите, рескирајќи притоа раст на инфлацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top