| четврток, 6 декември 2018 |

Меси: Во финалето на ЛШ ќе навивам за Атлетико Мадрид

mesi

Барселона нема да игра во финалето од Лигата на шампионите, но Лионел Меси искрено се надева дека кога веќе тој нема да го крене пехарот, тоа нема да го стори ниту Кристијано Роналдо. Аргентинскиот ас призна дека во големото финале што ќе се игра во Милано тој ќе навива за Атлетико Мадрид поради една единствена причина – надежта дека Реал Мадрид сезонава ќе остане без ниту еден освоен трофеј.

– Јасно е дека луѓето во Барселона не сакаат Реал да освои било каков трофеј. Ние би биле задоволни и кога Атлетико би стигнал до трофејот. Она што Атлетико го прави е фантастично, тие се тим што навистина е тешко да се победи. Симеоне заслужува огромни комплименти поради тоа. Елиминацијата од ЛШ беше тежок удар за нас. Бевме многу подобри на првиот натпревар, но не успеавме да стигнеме до поубедлив триумф. На „Висенте Калдерон“ веќе беше премногу компликувано – истакна Меси.

Пред Барса останува битката за одбрана на двојната круна во Шпанија, најпрвин со последниот меч во Примера против Гранада, а потоа и во финалето од Копа дел реј против Севилја.

– Би било прекрасно кога би ја освоиле титулата, а потоа и Купот на Шпанија. Имаме уште две финалиња пред нас, едно во Примера и едно во Купот на Шпанија. Испуштивме премногу бодови во Примера, но се опоравивме во вистински момент. Добро е што и натаму се е во наши раце – додаде Лео Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top