Од работилницата на Фабриката за шински возила „Велес“ од Велес вчера излегоа од поправка и реновирање првите пет плато-товарни вагони наменет за Македонски железници МЗ Транспорт, информира денеска директорот Борис Алчев.
Алчев посочи дека работите на реконстрикција на товарни вагони продолжуваат и понатаму, а до крајот на неделава треба да бидат поправени и реновирани уште пет товарни вагони.
– Во наредните месеци во зависност од типот и оштетеноста на товарните вагони во нашата фабрика за поправка на вагони и возови ќе се работи континуирано и неделно ќе се реновираат и пуштаат во функција до пет вагони наменети за Македонски железници МЗ Транспорт, информира Алчев.
По едногодишно неработење Фабриката за поправка на вагони и возови „Велес“ од Велес повторно проработи, како резултат на склучениот договор со Македонски Железници за реконструкција на 75 вагони за потребите на МЗ Транспорт при МЖ. Исто така, во тек е и процедурата оваа фабрика по 20 години повторно да биде во состав на Македонски железници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.