Осум лица се повредени во сообраќајката што се случи денеска попладне во 15 часот и 30 минути на патот Градско-Прилеп. Во сообраќајната несреќа меѓу два автобуса, осумте повредени лица се пренесени во Медицинскиот центар во Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршија надлежен јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес.
Поради сообраќајната несреќа до 18:30 часот во прекин беше сообраќајот на патот Градско-Прилеп, кај село Фариш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.