| четврток, 6 декември 2018 |

Што значи да имате бенка на лицето, рацете или стапалото

Нема човечко тело кое нема бенки. Местото на кое се појавуваат носи и посебно значење.

Бенка на образот

Без разлика на кој дел од образот има бенка, личноста ќе биде успешна без разлика на работата со која се занимава.

Бенка во близина на окото

Лицата кои имаат бенки на ова место се привлечни за спротивниот пол, а добро им оди и на професионален план.

Бенка над веѓите

Укажува на храбра, силна, тврдоглава и авторитативна личност. Овие луѓе се родени да бидат лидери.

Бенка над усната

Луѓето кои имаат бенка над горната усна се семејни луѓе кои веројатно ќе оформат големо семејство, а исто така ќе имаат константна емотивна поддршка.

Бенка на стапалото

Авантуристички настроена личност. Не и треба посебен повод за да излезе од домот.

Бенка под веѓите

Вредна и креативна личност. Овие особини може да донесат слава на одредена личност, здравје и просперитет. Но, може да имаат проблем во семејството.

Бенка на носот

Овие лица имаат склоност кон коцкање и флертување. Во случај личноста да биде богата, таа и понатаму ќе биде незадоволна бидејќи тие сакаат да ризикуваат и се склони кон предизвикување на животот.

Бенка на усните

Директно укажува на проблемите со исхраната и на проблемите во љубовните односи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top