| четврток, 6 декември 2018 |

Што значат бенките по телото?

Ако сте една од оние личности кои имаат многу бенки на телото, на тоа може да гледате како на благослов. Тоа е заклучкот на новата студија објаввена во списанието „Биомаркери“ кои се занимава со епидемологијата на ракот и негова превенција.

Според студијата, луѓето кои имаат повеќе од 10 бенки на телото генерално изгледаат помладо од оние кои немаат или кои имаат помалку. Просечно, бенките „подмладуваат’ за седум години, пишува во студијата.

Бенките отсекогаш се поврзувале со меланом, односно рак на кожа.

Повеќе од 100 бенки на телото може да значат и цврсти коси, поради што ризикот од остеопороза е помал, откриле истражувачите од лондонскиот „Кингс колеџ“.

Мажите и жените кои имаат голем број бенки имаат поздрави очи и срце, затегнати мускули покажало истражувањето.

Бенките настануваат во брзата поделба на клетки кои произведуваат темен пигмент на кожата, најчесто во детството. Обично исчезнуваат во средната возраст, но кај мал број луѓе се намножуваат во доцните години.

Оние кои поспоро стареат и во 60-те години имаат бебешко лице, обично имаат повеќе бенки, сугерираат лондонските стручњаци.

Секој десетти човек има стотина или повеќе бенки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top