Бразилската голманка Мајса Песоа, која од идната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар, одигра клучна улога при изведувањето на седмерците во финалето на Лигата на шампионите, ги одбрани ударите на Грот и на Локе, и го трасираше патот на ЧСМ Букурешт до дебитанскиот триумф во елитното европско натпреварување.
Потоа почна невидено славје на романскиот тим, а Песоа медалот и го подари на својата девојка, поделувајќи ја со неа радоста со страстен бакнеж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.