| четврток, 6 декември 2018 |

На фајналфор нема аутсајдери, ЧСМ Букурешт цела година ќе ужива во европската титула

ЧСМ Букурешт е новиот европски владетел во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција откао во големото финале кое се доигра во Будимпешта во „Ласло Пап“ арената во трилер завршница и пенал-рулет беше подобар од домаќинот Ѓер.

bukurest

„Џелатот“ на Вардар во полифналето и најпријатното изненадување оваа сезона во ЛШ, ЧСМ Букурешт се покажа како одличен тим иако пред почетокот на нокаут фазата во четвтфиналето па подоцна и фајналфорот важеше за аутсајдер.

Очигледно тренерот Расумсен одлично го создаде овој тим откако си замина од ЖРК Вардар минатата сезона, без големи супер-ѕвезди туку со ракометарки кои одлично се вклопија во неговите замисли и во еден суперквалитетен колектив.

Букурешт најпрвин приреди сензација во четвртфиналето елиминирајќи го големиот фаворит Ростов Дон, а во полуфиналето на завршниот турнир влезе без респект према конкурентите и буквално го декласираше Вардар, а во финалето и Ѓер по изведувањето на пеналите, откако во регуларниот дел мечот заврши 22-22 и по продолженијата 25-25.

rasmusen

Тренерот Ким Расмусен вчера најави дека пласманот во финалето не е крајниот дострел на овој тим и дека сака да биде ’број 1’ и успеа да го оствари тоа.

Главниот збор при изведувањето на седмерците имаше голманката Мајса Песоја која од следната сезона ќе брани за Вардар и ги одбрани решавачките удари од седум метри на ракометарките на Ѓер.

bukurest 1

Во региларниот дел ниту една од екипите немаше капитална предност, а Ѓер беше таа која го диктираше темпото и го држеше резултатот под контрола. Сепак големиот мотиватор и со овој резултат се покажа како и одличен тренер, Ким Расмусен им влеа надеж на своите ракометрите во тајмаутите дека неговиот состав има квалитет да се врати од негативата и на двапати, прво во регуларниот дел на само две секунди до крајот го измрани резултатот за продолженија, а во нив со гол од пенал во последните 20 секунди да стигне до пенал-рулетот.

gulden

Изабел Гулден го заврши натпреварот со фантастични 15 гола во големата победа на ЧСМ Букурешт. Хајди Локе со осум погодоци беше најефикасна кај Ѓер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top