Долго време немаше вести за седумкратниот првак на Формула 1 Михаел Шумахер, а оние кои стигаат воопшто не се добри.
Имено, на популарниот Шумаехер му е потребно чудо за да преживее, кажал професорот Жан Франсоис Пајен, невролошки експерт за подрачјето на повредите на главата во спортот, кој со тоа се надоврза на шпекулациите дека на најголемиот возач во најбрзиот циркус на светот состојбата му е влошена.
Повикувајќи се на неименувани извори, иако сите се надеваат на закрепнување, состојбата на Шумахер од ден на ден е се полоша.
-Напредувањето е болно, бавно и неизвесно. Единствено, нема чудо на повидок, утврдил Пајен.
Потсетуваме, Шумахер на 29 декември 2013 година се здоби со тешка повреда на глава на скијање во Марибел, по што е ставен во индуцирана кома, а сега се наоѓа на рехабилитација во Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.