| четврток, 6 декември 2018 |

Штеди време и пари: 17.000 пациенти го искористиле проектот „Наш специјалист“

todorov-768x432

Бенефитот од проектот „Наш специјалист“ е во тоа што побрзо се добива здравствена услуга, бидејќи пациентот не мора да патува во друг град, му се заштедуваат време и пари, но пред се рано се дијагностицира заболувањето и навремено се заштитува здравјето на луѓето.

– Во Валандово 578 пациенти требало да одат до Струмица или до Гевгелија за да бидат прегледани од оториноларинголог. На тие 578 пациенти, тоа им заштедило време, но и пари кои требало да ги издвојат за патување. Во Крива Паланка, пак, 1755 пациенти биле поштедени да патуваат до Куманово или до Скопје за специјалноста од невропсихијатрија. Овие луѓе и со најевтиниот превоз во двата правца би потрошиле околу 650 илјади денари вкупно доколку го немало „Наш спацијалист“ во Крива Паланка, изјави министерот Никола Тодоров.

За време на проектот, доктор од Здравствен дом во Крива Паланка завршил специјализација така што својата дејност ќе ја извршува во градот. – Тоа е и целта на проектот – „Наш специјалист“ да дава услуги додека не завршат специјализациите на докторите кои се пратени на специјализација, истакна министерот Тодоров.

Главно од скопските клиники, но и од други здравствени установи, во изминатата година биле пратени специјалисти за области каде што немало, односно во:  Валандово, Берово, Крива Паланка, Виница, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Делчево, Ресен, Кратово, Демир Хисар, Пробиштип, Маврово-Ростуше, Македонски Брод и Вевчани.

Министерот Никола Тодоров на прес-конференција денеска рече дека со проектот биле опфатени девет различни специјалности. Најголем број реализирани прегледи по специјалист имало во областа ортопедија (5470), следуваат: интерна медицина (3890); урологија (1424); ОРЛ (1150) и прегледите во областите неврологија, психијатрија, невропсихијатрија, општа хирургија и физикална медицина.

– На ниво на градови, најголем број реализирани прегледи со проектот „Наш специјалист“ има во Неготино, вкупно 3.070 во сите специјалности. Потоа Крива Паланка, Свети Николе, Валандово и Пробиштип, рече Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top