| четврток, 6 декември 2018 |

Ален рекордер по бројот на тројки, Мајами лесно игра со Милвоки

Мајами хит успешно ја почна одбраната на титулата во НБА и веќе води со 3-0 против Милвоки, по победата од 104-91, синоќа против Милвоки. Тие се единствениот тим во плејофот што има максимален ефект и им треба само уште една победа за пласман во полуфиналето на источната коференција. Чикаго вторпат по ред го победи Бруклин, овојпат на домашен терен со 79-76 и поведе со 2-1 во серијата до 4 победи. Идентично е и на дуелот Мемфис против Лос Анџелес клиперс, но таму гостите водат со 2-1 иако Мемфис синоќа ја прокнижи првата победа со 94-82.

 

Реј Ален од Мајами стана најдобар тројкаш во историјата на натпреварите од  плејоф во НБА. Тој ги предводеше Хит до нова победа, со 23 поени, 15 од нив со удар за три поени. Резервниот бек на Мајами го смени на врвот Реџи Милер и сега има две тројки повеќе од него. Леброн Џејмс постигна 22 поени, а лош ефект од само 4 поени имаше Двејн Вејд.

 

Во меч со многу малку кошеви и многу битка на паркетот, Чикаго го победи Бруклин со 79-76. Карлос Бузер кај Чикаго и Брук Лопез во тимот на Бруклин беа најдобри поединци со по 22 поени.

 

Најефикасен сметајќи ги сите три меча беше Зак Рендолф, крилото на Мемфис, со 27 поени. Неговиот тим ја прекина серијата од 4 порази во меѓусебните дуели со Лос Анџелес клиперс. По победата од 94-82 тие намалија на 1-2 против лутиот ривал од Лос Анџелес. Двете екипи играа и лани во плејофот, а Клиперс победија со 4-3. Во текот на овој меч на домашниот центар Марк Гасол му беше доделена наградата за најдобар дефанзивец сезонава во НБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top