Откако ја испушти шансата за пласман во финалето на Лигата на шампионите на завршниот турнир во Будимпешта по високот пораз од ЧСМ Букурешт, македонскиот шампион ЖРК Вардар во борбата за бронзениот медал во Европа на полувреме губи со 14-16 против екипата на Будуќност.
Двете екипи бараат начин за рехабилитација по вчерашните порази во полуфиналето, а се чини дека психолошкиот момент е на подобро ниво кај ракометарките од Подгорица.
Сепак дека Вардар може да се надигрува со Будуќност покажа во ведните 10 минути од мечот кога имаше и голема предност од 6-1 по што тренерот на Будуќност Аџиќ беќе приморан да повика тајмаут за да ги консолидира редовите на своите избранички. Тоа и се случи и сеуште актуелниот шампион на Европа направи серија и со на двпати со играч помалку успеа да постигне по два гола со што дојде до израмнување. До крајот брзоплетоста на Вардар во нападот му создаде шанса на Будуќност да стигне до предност од два гола.
Во второто полувреме четата на тренерскиот двоец Кастратовиќ – Дејвис мора да се обиде да стигне до победа за да го обели образот на овој фајналфор и со бронза се врати во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.