Една од најпопуларните спортски манифестации во земјава „Скопскиот маратон“ денеска се одржува низ улиците на Скопје. Пријавени се 4.500 учесници на маратонот кој се одржувa по повод 9-ти мај, Денот на Европа, уште од неговото прво одржување во 2007 година.
Учесниците трчаат маратон, полумаратон и штафетниот маратон и добиваат бесплатно учество на трките во 2016-та година. Стандардните трки се: маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри.
Денешниот маратон го одбележаа и голем број на транспаренти за поддршка на учениците кои по кој знае кој пат покажаа дека нашиот народ не само што е креативен и има одлична смисла за забава туку и станаа вистинска сензација на социјалните мрежи.
Погледнете некој од нив:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.