| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец претепан во познат скопски ноќен клуб

Вчера во 11,45 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека за укажување на медицинска помош во Ургентниот центар во Скопје бил донесен С.Б.(30) од Скопје, кој се изјаснил дека бил повреден во тепачка во клубот „Деспина“.

Од страна на доктор биле констатирани тешки телесни повреди, поточно скршеници на горната и долната вилица.

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top