| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун: Нашата Република нема да користи нуклеарно оружје доколку не е нападната

Севернокорејскиот челник Ким Јонг-Ун изјави дека неговата земја нема да користи нуклеарно оружје доколку не е нападната, како и дека има волја да го нормализира односите со државите кои биле непријателски расположени кон неа, а зборуваше и за економскиот развој на земјата, известија во неделата тамошните медиуми.

„Како одговорна нуклеарна држава, нашата Република нема да користи нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет не го повредат напаѓачките непријателски сили со нуклеарно оружје“, порача Ким.

Изолираната комунистичка Северна Кореја и претходно испраќаше слични пораки, и исто често исто така често се закануваше со нуклеарни напади врз САД и Јужна Кореја и ги кршеше резолуциите на Обединетите нации.

Меѓутоа, во саботата американската веб страница којашто ги следи активностите во оваа земја, според сателитските снимки кои ги објави заклучи дека Северна Кореја најверојатно се подготвува за уште едно нуклеарно тестирање. Активности на возила се забележани во командниот центар на подземниот полигон за нуклеарни тестирања Панги-ри, се наведува во извештајот на разузнавачкиот веб ресурс 38 North.

Триесет итригодишниот Ким, исто така, го изложи петгодишниот план за зголемување на економски раст, истакнувајќи ја потребната од подобрување на снабдувањето со електрична енергија во земјата, објави службениот весник Rodong Sinmun.

Северна Кореја „ќе ги исполни своите обврски за неширење на нуклеарното вооружување и ќе тежи кон глобална денуклеаризација“, изјавил Ким во извештајот на првиот по 36 години инаку 7-от конгрес на владејачката Работничка партија на Кореја кој започна во петокот, објави државната новинска агенција KCNA.

„Неопходно е да го зголемиме извозот на готови производи, да се развие трговијата на технологијата и услугите“, рекол Ким според извештајот во весникот Rodong Sinmun.

Ким исто така, повикал „да се укинат махинациите со санкциите“ и да се постигне „квалитативен скок во економијата на земјата“, говорејќи за потребата да се замени увозот на суровини, гориво и опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top