| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани оставете ги возилата, денеска се трча Скопскиот маратон

maraton

Денеска заради манифестацијата Скопски Маратон во период од 07,30 до 14,00 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај.

Во претходно посочениот период, целосно затворен за сообраќај е биде: булeвар „Илинден“, од крстосница со улица „ВМРО“ до булевар „8-ми Септември“; во продолжение, затворена е биде десната коловозна лента во правец од булевар „8-ми Септември“ до крстосница со улица „Никола Парапунов“.

Целосно се затворени и  улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“), улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрије Чуповски“, улица „11 Октомври“, улица „Пролет“, и тоа од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска Бригада“  до крстосница со улица „Коста Новаковиќ“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“, и тоа од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со булевар „Србија“.

maratooot

Делумно затворени за сообраќај се: десната коловозна лента од улица „Љубљанска“ и улица „Московска“ во правец од булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај студентски дом Гоце Делчев.

Во период од 7.30 до 9.45 часот, целосно за сообраќај е затворена улица „Франклин Рузвелт“ од крстосница со булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а во период од 8.00 до 9.45 часот, целосно за сообраќај е затворен и булевар „Гоце Делчев“ од крстосница со булевар„Филип Втори Македонски“ („Стив Наумов“) до крстосница со булевар „Илинден“ и булевар „Св.Климент Охридски“. Во истиот период затворена за сообраќај е и улица „ВМРО“ од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански Одреди“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top