Денеска е недела, 8 мај 2016 година, 129-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 237 дена. Денов трае 14 часа и 18 минути.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минута, а ќе зајде во 19 часот и 39 минути.
Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 21 часот и 36 минути.
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 април.
Денеска е Св. апостол и евангелист Марко.
Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж. Тој е писател на едно од четирите евангелија. Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар. Со последниов бил многу близок. Свети Марко во почетокот на апостолската проповед одел заедно со апостолите Петар и Павле, а подоцна заминува за Александрија. Така, тој е прв проповедник на христијанството во Египет и прв александриски епископ. Околу 67-мата година го наоѓаме во Рим заедно со свети Петар и Павле, пред нивната маченичка смрт, а потоа тој пак се враќа во Египет. И самиот пострадал маченички од локалните пагани. Неговите мошти биле положени во од не¬го подигнатата александриска црква, а подоцна (827-мата година) биле пренесени во Венеција.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Благословена Франциска – Урлика.
Била родена во 1882 година, во Обердорф, во Германија. Како милосрдна сестра стапила во дружината на сестрите на светиот Крст. Еден животописец за неа напишал: “Секогаш останала понизна сестра извршувајќи работи со апсолутна верност кон своите редовнички правила и со љубов кон секој човек”. Работата не ја спречувала да биде поврзана со Господ. На 30-годишна возраст, во 1913 година му ја предала својата племенита душа на Господ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.