| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен: Одигравме феноменален натпревар

rasmusen

Шефот на стручниот штаб на ЧСМ Букурешт, Ким Расмусен, не го криеше воодушевувањето од настапот на своите избранички, кои го декласираа ЖРК Вардар и се најдоа на само еден чекор до европската круна.

– Не се сеќавам на првите петнаесет минути и на последните седум минути од натпреварот. Малку сум шокиран бидејќи не знаев дека можеме да одиграме вака добар меч против вака добар ривал како Вардар со добар тренер. Се беше како на сон, водевме и со 11 гола разлика. Горд сум на овој триумф, тоа е се што можам да кажам, 100% бевме во натпреварот, неверојатно беше како функциониравме, како девојките се бореа на теренот. Не се исплашивме, ја искористивме шансата што ни се укажа, а на голот ја имавме извонредната Грубишиќ, која ни помогна со своето искуство – изјави Расмусен на прес-конференцијата по натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top